Познати кандидатите за градоначалник на Струга

- Локални
3816

На претстојните локални избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври, за градоначалничката функција ќе се тркаат:

Васил Ашталкоски, кандидат од Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Aшталкоски е роден 1976 година, по образование е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Познат е како долгогодишен активист во раководните органи на СДСМ.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за градоначалничката фотеља ќе се бори Др. Сејад Солакоски од с. Лабуништа, кој е матичен лекар во своето родно место.

Oд редовите  на ДУИ, довербата на Стружани за градоначалничката функција ќе ја бара Рамиз Мерко. Мерко е поранешен градоначалник на Струга, роден 1957 во Струга каде завршил основно и средно образование. Дипломирал и магистрирал, по што стекнал и звање доктор на науки.

На фунцијата градоначалник сака да се врати и Зијадин Села, кој по професија е лекар-специјалист (интернист), а градоначалник на Струга стана во 2013-тата година. Села е кандидат од редовите на Алијансата на Албанците.

Кандидат за градоначалник на Струга од ДПА е Пулум Влаши.

Facebook Коментари