Познатиот италијански стилист Алесандро Фиорин дел од семинарот за фризери во Струга

- Локални
1463

Изминативе два дена Струга беше домаќин на семинарот за стилисти во организација на ,,Академија ТЕССА“ во чии рамки 180 фризери од цела Македонија имаа можност да учат техники и трикови од еден од најпознатите фризери на светско ниво , италијанецот Алесандро Фиорин.

,,Фиорин е вистинска sвезда во нашата професија. Одржува семинари буквално во цел свет. Драго ми е што фризери од цела Македонија, овие два дена во Струга доживеаа драгоцено искуство, да разменуваат идеји и знаења со стилист од ваков ранг. На ова академија можат да учествуваат само избрани професионалци. Нашата академија, од Струга ги избра Марија Маркоска, Валбона Мерко, Зана Кирими и Пушиме Крека. Сметам дека тие се ,,мајките на фризерството во вашиот град“-изјави Сaфија Теса, организатор на семинарот.

За време на првиот ден од семинарот, учесниците работеа на надградба на коса, а вториот ден беше резервиран за колоритна техника.  Струшките фризерки како домаќини на настанот имаа свое посебно шоу на кое изработуваа фризури покажувајќи го своето искуство, квалитет и креативност.

,,Чест ми е што бев една од избраните фризерки за учество на овој семинар. Иако работам многу долго време, сметам дека дополнителната едукација е секогаш потребна. Да се работи заедно со господинот Фионир е посебен момент во кариерата на секој фризер. Среќна сум што моите колешки и јас подготвивме посебно шоу на кое покажавме дека Струга има врвни фризери. Сметам дека ние фризерите сме срцето на градот. Многу ја сакам својата професија, ваквите искуства само ми помагаат да го потврдам тоа. Ние сме многу повеќе од фризери. Разубавувањето е  посебен моемнт за секој клиент, фризерите предизвикуваат насмевка на лицата на своите клиенти, тоа е најважно“-изјави Марија Маркоска.

Strugaonline

Facebook Коментари