Познатиот “Мост на Нина” во Струга повторно пуштен во употреба

Мостот беше свечено пуштен во употреба со пресекување на лентата од страна на поранешниот градоначалник на Струга, сега пратеник, Зијадин Села, неговиот заменик Мустафа Зебзун и бизнисменот и донатор, Менди Ќура. Проектот го изработи проектантска куќа од Австрија во која работат Македонци, а од таму беа увезени и дрвените делови. Во изградбата беа инвестирани 150.000 евра.
Пешачкиот мост е монтиран на местото на некогашниот „Мост на Нина“, по името на некогашната општинска раководителка на Струга, а беше демонтиран пред шест години, поради дотраеност.
Надворешниот лик на мостот е во согласност со другите два моста во централното градско подрачје на Струга, за кои е најавено дека ќе се реновираат.

