Стресот како непријател на квалитетот на живеење, продуктивниот и среќен живот е проблем број еден во светски рамки, а примената на техниките за стрес менаџмент стануваат се популарни особено во професионален контекст. Пример за ова се реномирани институции како Светска Банка, Харвард Бизнис Скул (Harvrd Business School), МИТ Универзитетот во САД и многу други во чии рамки стрес менаџмент техниките се изучуваат као статегија за постигнување поголема продуктивност, креативност и фокус при реализирање на поставените цели.
Од 09 мај па се до 17 мај Art of Living –Македонија, има чест да биде домаќин на реномираниот учител Свами Ваишампајан кој ќе одржи повеќе предавања во поголемите градови низ Македонија.
Тековните настани за Хепинес турнејата на Свами Ваишампајан можете да ги следите на следнава фејсбук страница: https://www.facebook.com/artoflivinghappinesscenterskopje/?ref=bookmarks
За таа цел Аrt of living ги повикува студентите на ФОН како и граѓаните од Струга да присуствуваат на предавање на тема:
‘’Медитација и справување со умот’’ од страна на реномираниот инструктор за стрес менаџмент Свами Ваишампајан на ден 17 мај (СРЕДА) од 12.00 до 13.30 часот.
Предавањето е отворено за сите, влезот е слободен. Локација: Универзитет ФОН-Струга.
Facebook Коментари