Вистинска пролет денес во Струга, стружани уживаат на + 16 овој прекрасен саботен ден.
Еве какво ќе е времето денес и во наредните денови според УХМР:
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и топло, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има и услови за ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови и ќе се формира нова снежна покривка. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда. Вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Facebook Коментари