Членовите на драмското студио ,,Миладин“ во недела, 9-ти јуни, ќе ја одиграат премиерата на детската претства ,,Пинокио“ во режија и драматизација на Ристе Миладин.
Како што информираат од драмксото студио, деновиве интензивно се подготвуваат за да ги остварат очекувањата на струшката публика која секогаш ја полни салата во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ кога има театарска претства.
-Претставата е инспирирана од познатата лектира ,,Пинокио“. Сите ја знаете приказната за дрводелецот Џепето кој одлучува да направи дрвена марионета, кукла која ќе личи на вистинско момче. Со помош на самовилити, тоа дрвено момче се претвара во вистинско. Така настанува палавиот, непослушен Пинокио, кој, откако ќе избега од дома, доживува секакви незгоди, наивно паѓајќи во замки и едвај спасувајќи глава од секакви опасни ситуации. Сепак, на крајот Пинокио ќе покаже дека умее да биде и вреден, послушен, храбар, грижлив и приврзан.Тоа е содржината и на оваа претстава, секако адаптирана во драмски текст-изјави за Strugaonline режисерот Ристе Миладин.
Почетокот е закажан за 18:00 часот, а билет чини 100 денари.
На 11-ти јуни со почеток во 12:00 часот ќе се игра реприза на претставата и истата ќе биде наменета за учениците од основните училишта во Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари