Премиера на документарниот филм „Спасица Вишенска – Маченица и Светица“ вечерва во Вевчани

- Локални
186

Премиера на документарниот филм „Спасица Вишенска – Маченица и Светица“ ќе се одржи вечерва во рамки на програмата на Вевчанско културно лето.

Филмот е работен по сценарио и во режија на Анастас Ќушкоски, писател,  фотограф и истражувач од Вевчани.

Гости на премиерата  ќе бидат членовите на хорот при Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид.

Филмот ќе се прикажува  во 20:30 часот во Мултикултурниот центар, под покровителство на Општина Вевчани.

Facebook Коментари