Премиера на македонскиот филм ,,Најголемата вистина” наскоро во Охрид

- Локални
1599
,,Најголемата вистина”- новиот македонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид. Kино проекциите се закажани за  во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот.
 Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја ја реализираше во филм насловен како ,,Најголемата вистина’’, во кој и тој самиот е актер.
„Идејата за филмот дојде на многу интересен и необичен начин. За првпат, одлучив малку да излезам надвор од уметничките рамки на фолклорот и да се одлучам на поголем предизвик – да се пренасочам кон актерството, нормално како аматер’’ – истакнува Мартин.
Имаше понуда од Балканска филмска продукциска куќа, но се одлучи да го задржи во Македонија.
„Пред да започнеме со реализација на филмот според сценариото што го напишав, краток опис, испративме до една добро позната продукција во регионот на Балканот, која веќе има продуцирано неколку добро познати филмови на филмската сцена…. Одговорот од нив беше позитивен и беа заинтересирани за разговор и за можна продажба на сценариото… Но, сепак се одлучивме да си го задржиме тука, како наше…“ вели Мартин.
Карти по цена од 150 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
Филмот ќе се прикажува во големата сала, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19.

Facebook Коментари