Премиера на претставата „БААЛ“ вечерва во Охрид

- Локални
895
Љубителите на театарската уметност од Охрид и Струга вечерва со почеток во 20:00 часот  ќе имаат можност да ја проследат премиерата на претставата „БААЛ“  во режија на Андреј Цветановски, кој за своето ново театарско остварување ќе рече:
„Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“.
Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Во претставата играат : Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ Тодороска,  Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов,  Филип Кипровски и  Тони Денковски.
Strugaonline

Facebook Коментари