На 28-ми декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Орхид ќе биде изведена премиерата на претставата „Каде е пиштолот?“ од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј.
– Станува збор за модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието. Режисер е Дејана Николовска, а во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски. Сценограф, костимограф и дизајн на светло е Милена Пантелеева, музиката е на Гаро Ашикјан, кореографијата е на Асја Иванова, драматург е Кристина Тодороска Петреска, инспициент Филип Ангеличин-Жура, а технички раководител Зоран Левески, информираат од охридскиот Центар за култура.
На 27-ми декември претставата ќе биде изведена претпремиерно, а премиерата следниот ден ќе започне во 20:00 часот.
Билетите се во продажба по цена од 200 денари за претпремиерата и 250 за премиерата.
Strugaonline
Facebook Коментари