Премиера на претставата ,,Љубов во струшко Нерези“ во сабота во Струга

- Локални
757

Во сабота, 30-ти септември во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга, членовите на драмското студио ,,Миладин“ ќе ја одиграат премиерата на претставата ,,Љубов во Струшко Нерези.“  Станува збор за урнебесна комедија во режија на Ристе Миладин.

,,Во љубовта и војната нема правила. Нашата Таса тоа го сфати здраво за готово па така влегуваќи од една игра во друга се сплети во сопствената мрежа. Дали нејзината сестра Воскра ќе биде дел од таа валкана игра или ќе го послуша нејзиното срце или можеби Дојчин ќе ја граби Таса. Сепак сите се прашуваат кој е таткото на бебето? Кој е мајсторот што ја најаде со грав  Таса?
Но благодарение на драмското студио „Миладин”, оваа сабота ќе можеме накратко, но убаво да се насмееме на целата испреплетена но вистинита, приказна што се случила во струшкото село Нерези гледајќи ja на театарска сцена. Не одете на никаква терапија, дојдете на претстава. Смеата и доброто расположение во оваа претстава ви се загарантирани. Ликовите се измислени, а приказната вистинита.“-стои во описот на содржината

Почетокот е закажан за 20:00 часот, билет чини 150 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари