Премиера на претставата ,,Океанија“ во недела во Струга

- Локални
643

-Си беше еднаш и никогаш повеќе, да се случи чудо на малиот остров во срцето на огромниот океан – со овие зборови тимот на Арт-Манија  ја најавува театарската претстава ,,Океанија“ чија премиера е закажана за во недела со почеток во 20.30 часот, покрај Охридското езеро во близина на Скаут Камп во Струга.

-Ова е приказна за малото храбро девојче кое има голема задача: да го спаси целиот океан. Кој ќе и помогне во нејзината авантура, што ќе и го попречува патот, колку е важно да се спаси океанот и островот, ќе дознаете во недела-велат од тимот на ,,Океанија“.

Сценографијата за оваа претстава ја изработија уметниците Милко Нестороски, Викторија Попоска и Бојан Секулоски. Истата е создадена од отпадот собран од плажите и езерото во рамки на еко акцијата ,,Гласот на крајбрежјето“ што Јуроп Хаус-Струга ја спроведе во соработка со здружението ,,Аква“.

-Креирањето беше еден вид на работилница на уметниците. Тие одржаа и посебна работилница со  дечиња со посебни потреби кои исто така креираа дел од сценографијата со отпадот што беше собран во рамки на еко акцијата што ја организиравме-велат од Јуроп Хаус-Струга.

Претставата е наменета за деца, млади и возрасни. Блитетите за премиерата се по цена од 600 денари и можете да ги купите во Мезе-бар Кингстон и Мезе-бар Барабар.

Претставата ,,Океанија“ е  поддржана од Министерство за култура, Центар за култура Браќа Миладинвоци, Јуроп Хаус Струга во организација на здружението ,,Арт Манија“.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари