Лев банер Десен банер

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на официјалното отворање на фабриката на „Магна Мирорс“ во Струга

Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска ќе се обрати на официјалното отворање на канадската компанија „Магна Мирорс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

 На официјалното отворање свои обраќања ќе имаат Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал“, директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, а ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи како и претставници на менаџментот на компанијата.

„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

error: