МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-5 Берово, -4 Попова Шапка, Лазарополе, -3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Струмица, -2 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Битола, Прилеп, Велес, Демир Капија, -1 Штип, Кавадарци, Гевгелија, 0 Виница, Куманово, Крушево, 1 Охрид, 3 Претор, Дебар.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Пелагонија ветерот достигнува брзина над 50, во североисточните делови над 60, а наместа долж Повардарието над 70 km/h.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Максималната температура ќе достигне од -6 до 11 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари