Претпремиера на претставата „Каде е пиштолот?“ вечерва во Охрид

- Локални
735

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна претпремиера на претставата „Каде е пиштолот?“ од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј.

– Станува збор за модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието. Режисер е Дејана Николовска, а во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски. Сценограф, костимограф и дизајн на светло е Милена Пантелеева, музиката е на Гаро Ашикјан, кореографијата е на Асја Иванова, драматург е Кристина Тодороска Петреска, инспициент Филип Ангеличин-Жура, а технички раководител Зоран Левески, информираат од охридскиот Центар за култура.

Премиерата  на оваа претстава е зажана за утре во 20:00 часот.

Билетите се во продажба по цена од 200 денари за претпремиерата и 250 за премиерата.

Strugaonline

Facebook Коментари