Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, утре со почеток во 19:00 часот, „Теактер студио“ од Куманово, премиерно, ќе се претстави пред струшката публика со драмата „Ајде уште по една за роденденот“.
Претставата „Ајде уште по една за роденденот“, е тежок трилер и тешка психолошка драма, која има многу силна порака. Во неа играат четворица кумановци – студенти на Факултетот за визуелна уметности „ЕСРА“ Скопје, Матеј Стојковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ и Мишо Димитривски, а режијата е на актерот Горан Илиќ.
Ова е четвртата претстава на „Теактер студио“, преку коja студентите-актери од Куманово се претставуваат пред публиката.
Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари