Претставата „Аналфабет“ повторно ќе се игра на Охридска сцена

- Локални
916

За сите љубители на театарот и квалитетните претстави, во сабота со почеток во 20:00 часот на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ Охридскиот народен театар ќе ја изведе популарната претстава „Аналфабет“. Претставата е работена според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Содржината одлично ја доловуваат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

„Аналфабет“ освен на Охридска сцена, беше изведена и на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Охридскиот театар со неа учествуваше на на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а токму целокупниот квалитет  на претставата ја донесе и наградата Гран При за најдобра претстава  на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“.

Strugaonline

 

 

 

 

Facebook Коментари