Претставата „Балканска 3а/2“ во петок повторно пред охридската публика

- Локални
527

Претставата „Балканска 3а/2“ во петок е повторно на репертоарот  на охридскиот народен театар.

Претставата е работена по текст на Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Станува збор за  трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење. Претставата воедно е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска и Филип Кипроски.

Претставата ќе се одигра на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на влезницата е 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари