Претставата „Енергични луѓе“ во четврток повторно ќе се игра во Охрид

- Локални
360

Хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски во четврток, 1-ви јуни повторно на репертоарот на охридскиот Народен театар.

Претставата, иако сместена во социјалистичките, 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн се на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Карти по цена од 200 денари може да се набават на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев”.

Facebook Коментари