Претставата ,,Крик за љубов“ вечерва ќе се игра во Охрид
Вечерва на репертоарот на охридскиот тетар ќе се одигра претставата „Крик за љубов“ по текст на Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.
Претставата ќе се одигра во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, пред ограничен број публика, а влезницата чини 200 денари.

