Лев банер Десен банер

Претставата ,,Љубов во струшко Нерези“ во сабота ќе се игра хуманитарно, средствата ќе се донираат за Бојан Крстески

После успешно одиграната премиера на урнебесната комедија ,,Љубов во струшко Нерези“ по текст на Татјана Трифуноска Ѓоршески, а во режија на Ристе Миладин,  пред преполна сала, на барање на публиката, Драмското студио ,,Миладин“ со огромно задоволство ја најавува репризата на оваа комедија во сабота, 14-ти октомври во 19:30 часот .
Влезниците се по цена од 150 денари, а сите средства собрани од билетите ќе бидат донирани за младиот стружанец Бојан Крстески.  Од Драмското студио ,,Миладин“ ги повикуваат сите љубители на театарот да ја проследат оваа претстава и во исто време да бидат хумани.
Strugaonline

error: