Гротескната комедија „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска- Петрушева вечерва e повторно на репертоарот на Народниот театар од Охрид.
– „Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, вели за претставата режисерката Ристевска- Петрушева.
Играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
Почетокот е закажан за 20:00 часот, а билетите се по цена од 200 денари.
Strugaonline
Facebook Коментари