Претставата ,,Сергеј е многу глупав“ вечерва на ,,Охридско лето“

- Локални
424
Во рамки на фестивалот,,Охридско лето“ вечерва со почеток од 21:00 часот на програмата е претставата „Сергеј е многу глупав“ во режија на Дејана Николовска. Билет чини 300 денари.
Автор: Дмитриј Данилов
Режија: Дејана Николовска
Улоги: Сергеј – Никола Тодороски
Првиот курир – Стрезо Стаматовски
Вториот курир – Горан Стојаноски
Третиот курир – Филип Кипровски
Маша – Леонида Гулевска
Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер.
Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат
дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив.
Сергеј не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?

Facebook Коментари