Претставата ,,Сопружници” од Вуди Ален, а во режија на Драгана Таневска, во четврток (31-ви март) ќе биде на репертоарот на Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид. Претставата ќе се игра во малата сала, а почетокот е закажан за 20:00 часот.

Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.
Strugaonline
Facebook Коментари