Претставата ,,Сопружници“ во петок пред охридската публика

- Локални
622
На репертоарот на Центар за култура ,,Григор Прличев“  повторно е тетарската претстава ,,Сопружници” од Вуди Ален, а режија  на Драгана Таневска. Претставата е закажана за во петок  10.12.2021 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала.
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели  Драгана Таневска.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. На претставата ќе се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19, бројот на публика е ограничен.
Strugaonline

Facebook Коментари