Претставата „Ти во седум бои“ наскоро пред охридската публика

- Локални
832

Независната Аматерска Театарска група „Аматер“ во соработка со охридските уметници: Емилија Колоска, Ансамбл Билјана, Никола Јосифоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев и Климентина Гилевска  ја најавува новата претстава „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ во режија на Јован Цветкоски.


Премиерната изведба е закажана за 13ти април од 20:00 часот во Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, на мала сцена.  Репризата ќе се игра на 14ти април од 20:00 часот во Домот на култура „Григор Прличев“, на мала сцена.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 05.04.2019 (петок) по цена од 150 денари.

Билетите се во ограничен број и може да ги набавите преку резервација на телефонските броеви: 078/413-946 ; 075/261-016; 077/724-964; или во директна порака на социјалните мрежи на страната на НАТГ “Аматер” или на ко-организаторите на настанот.

Доколку пред премиерната изведба не се продадени сите билети, ќе бидат достапни и на вратата на Дом на култура „Григор Прличев“ на денот на настанот за што ќе следи известување.

Насловот на претставата „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ е инспириран од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“.

Претставата „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ се состои од мешавина на повеќе уметности како актерска игра, музика, танц, поезија, која е адаптација на јавно објавени и авторски дела.

Сценаристи и режисер е Јован Цветановски, а во претставата играат:  Емилија Колоска,  Јован Цветкоски,  Евамарија Баткоска,  Климентина Гилевска и  Михаил Талев.

Strugaonline

Facebook Коментари