Претставата „Види, летам!“ во режија на Ивана Ангеловска на Вондрленд Театар од Скопје на 17-ти јуни ќе се игра во Охрид, на малата сцена на Народниот театар.
„Види, летам!“ по текст на Ана Трпеноска е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство.
-Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот.-информираат од овој скопски театар.
Поддржана во рамки на партнерството на Младинскиот образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, „Види, летам“ на Вондерленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.
Играат актерите Сара Спиркоска, Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова и
Леонардо Лазов.
Леонардо Лазов.
Претставата ќе биде одиграна со почеток во 20:00 часот. Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари