Претставници од училиштатата во Струга остварија средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ

- Локални
809
Со цел и насока на поширока промоција и унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието, Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со МОН, БРО и Центар за стручно образование, беше во посета на Општина Струга.
-Учествo зедоа општински советници за образование и претставници од средните и основните училишта во Општина Струга.
Се разговараше за приоритетите за организирање наставни и вон наставни заеднички часови на ученици од различни етнички заедници и наставни јазици, врз основа на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам.
Општина Струга го поддржува образовниот систем за градење квалитетен образовен модел кој ги негува интеркултурните вредности.-се вели во Општинското соопштение.

Facebook Коментари