Вчера (25.12.2024), полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта, во основно училиште во селото Лабуништа, заедно со дефектолог и педагог, одржаа превентивно едукативни предавања за штетноста од пиротехничките средства.
Притоа, низ интерактивен пристап, пред учениците и родителите, посебно беше потенцирана штетноста и опасностите од неовластено користење на петарди и други пиротехнички средства, односно им се укажа на можните повреди и нарушувања на психо-физичкото здравје кое петардите можат да го предизвикаат кај луѓето, посебно кај младата популација.
Секако, учениците и родителите беа запознаени и со казнените одредби со кои се санкционира нелегалната употреба и продажба на пиротехника.
Извор: СВР Охрид
StrugaOnline
Facebook Коментари