Презентација на проектот „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам” денеска во Охрид

- Локални
1384

Денеска во Охрид ќе биде презентиран проектот „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”. 

Според најавената програма,  предвидено е обраќање на  градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, заменик градоначалникот на Поградец, Авдула Цано, координаторот на програмата за прекугранична соработка при Делегацијата на Европската унија, Елвис Али, претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков и други.

Презентација на планираните проектни активности ќе одржи Антонио Додевски, проектен менаџер.

Настанот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 13:00 часот.

Проектот е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програмата за прекугранична соработка, а ќе биде имплементиран од: National Center fot Environment, Tourism and Sustainable Development од Поградец, Република Албанија.

Strugaonline

Facebook Коментари