Презентација за академски натпревари по историја и географија се одржа во Струга

- Локални
648
Градоначалникот на Општина Струга, д-р Рамис Мерко, одржа работна средба/презентација заедно со Директорот на Меѓународните академски натпревари (ИАЦ), г-дин Дејвид Маден и Филип Матвин, стратегиски Советник и Раководител за меѓународни односи.
,,Оваа организација е една од најголемите светски организатори на академски натпревари за ученици на возраст од 12-18 години, од целиот свет, од областа на историјата и географијата. Поради оваа причина, на оваа презентација беа поканети и беа присутни директорите на средните училишта, во друштво на професори по историја, за одблиску да видат што е потребно за учениците од Струга да учествуваат на овие натпревари, каде на државно ниво ќе има еден победник, кој ќе учествува на светските натпревари во Рим, Италија, на крајот на месец јули 2023 година.“ -информираат од Општина Струга.
На овој состанок беше присутен и Закари Турински, ученик од Њу Џерзи, САД, добитник на првата награда за географија за Северна Македонија.
Strugaonline

Facebook Коментари