
На 18.01.2023 година во струшкото село Велешта лишени од слобода се А.М.(32) и Д.Р.(21), двајцата од струшкото село Долна Белица. Тие, кај месноста „Бегова шума”, атар на селото Делогожда, се затекнати во незаконит лов, а при преглед во нивниот автомобил „голф”, полициските службеници пронашле и одзеле пушка за која немале соодветни документи и уловен дивеч. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари