Привидена 55 годишна жена-сакала да ја напушти земјава со туѓа патна исправа

- Локални
952

При редовна пасошка контрола, полициските службеници на Граничниот премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид констатирале дека едно лице користи туѓа патна исправа.

– Станува збор за 55-годишната В.Р. од скопско Арачиново. Биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р. После тоа, лицето било приведено и предадено за понатамошна постапка, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари