Продолжуват градежните активности на улицата „Маршал Тито“

Вчера успешно заврши последната фаза од реконструкцијата на најважниот дел од улицата „Маршал Тито“, односно заврши асфалтирањето на патот што го поврзува зелениот пазар со новото шеталиште.-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека овој пат е од голема важност и за граѓаните на оваа населба но и за сите продавачи и купувачи на зелениот пазар.
Во наредните денови, се очекува да биде завршен и другиот дел од патот кој што целосно е долг 750 м.
Strugaonline

