Проекција на документарецот „Хотел Југославија“ во Струга

- Локални
1106

На 13-ти септември (четврток), со почеток во 19:00 часот, во големата сала при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија“  во режија на Никола Вањиер. Влезот е 100 денари.

– Изграден во Нов Белград во 1969 година, Хотел Југославија беше митско место. Тоа беше и симбол и сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: Од Тито до Милошевиќ; од социјализам во национализам; од бомбашките напади на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес се уште го прогонува Белградскиот пејсаж, како одраз на српското општество во потрага по нови пресвртници. – се вели во описот на кратката содржина

Strugaonline

Facebook Коментари