Проекција на филмот „Хотел Југославија“ вечерва во Струга

- Локални
843

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во големата сала при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија“, во режија на Никола Вањиер. Влезот е 100 денари.

Изграден во Нов Белград во 1969 година, Хотел Југославија беше митско место. Тоа беше и симбол и сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: Од Тито до Милошевиќ; од социјализам во национализам; од бомбашките напади на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес се уште го прогонува Белградскиот пејсаж, како одраз на српското општество во потрага по нови пресвртници.-стои во кратката содржина на овој филм.

Strugaonline

 

Facebook Коментари