Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (голема сала со вклучено греење), утре со почеток во 19:30 ч., ќе биде прикажан филмот „На се доаѓа крај“ во режија на Рајко Грлиќ.

Во филмот „На се доаѓа крај“, се говори за Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, кој успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.
Играат актерите: Jелена Ѓокиќ, Борис Исаковиќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Живко Аночиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски, а режијата е на Рајко Грлиќ
Цената на билетот е 200 ден.
StrugaOnline
Facebook Коментари