Проекција на пет филмови вечерва во Струга

Вечерва во 21.00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи проекција на пет филма во продукција на „Центар за образование, култура и уметност „ДанаилСтанојески“ – ДАСТА Академија. Овие филмови се производ на едногодишната програма за краткометражен игран и документарен филм на проф. Владимир Блажевски, со соработник на сценарио Дејан Дуковски.
Документарни:
„Мојот татко“ на Ирма Башеска Ристовска
„Боројевиќ“ на Мите Спасовски
„Да се биде Максут“ на Нихал Бејадин
Играни:
„Услов“ на Даниел Шикоски
„13 Мај“ на Ирма Башеска Ристовска
Strugaonline

