Проекција на првиот македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ денес во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“
Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата киноавантура.
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга (голема сала со вклучено греење), денеска со почеток во 17:30 часот, ќе биде прикажан првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“.
„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси.
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга (голема сала со вклучено греење), денеска со почеток во 17:30 часот, ќе биде прикажан првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“.
„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси.Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.
Филмот, кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.
„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес“ во Шпанија, „Киненова“ во Македонија и „Мостра Сао Пауло“ во Бразил.
Цената на билетот е 200 ден.
StrugaOnline

