Проект „Поодобрување на амбиенталниот воздух“ во Струга

Во рамки на проектот за подобрување на амбиенталниот воздух во Струга, кој општина Струга го имплементира во соработка со УНДП, се спроведе едногодишен мониторинг на параметрите на квалитетот на воздухот во Струга.

Врз основа на податоците од таа мерна станица и од анализите на лабораторијата на Факултетот за рударство и геологија при Универзитетот Гоце Делчев-Штип, изработена е презентација, која ќе биде детално образложена на ден 19 септември 2024 година, во Хотел Дрим, каде ќе присуствуваат професорите од тимот кој го вршеше мониторингот (Декан проф.д-р Дејан Миракоски и професор Афродита Зенделска).

Ова е дел од презентацијата (слики и графички прикази), за да се има начелен податоок и информација, а деталната елаборација ќе се направи на 19 септември 2024 година, во Хотел Дрим.

„На овој начин сакаме да ве поканиме да присуствувате на првото научно елаборирање на состојбите и причините, но и да дадете препораки за подобрување на тие состојби. Ве потикнуваме да ги разгледате сите дилеми, а прашањата да ги зачувате за наведениот даум.“ – известуваат од општина Струга
StrugaOnline

