Промоција на книгата „Детето во снегот“ од Емилија Златкова-Анастасова вечерва во Струга
Вечерва во фоајето на Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи промоција на книгата „Детето во снегот“, посветена на децата со аутизам, од Емилија Златкова-Анастасова. Книгата е во издание на издавачката куќа ,,Збор“.

Промотор ќе биде Билјана Мартиновска, а модератор Весна Пуздерлиева
Почетокот е закажан за 19:00 часот.
Освен промоцијата на „Детето во снегот“, ќе се одржи и мини саем на издавачката куќа ,,Збор“.
Strugaonline
