Оваа среда, во кафе – бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи промоција на втората книга на Отец Пимен, митрополитот европски на Македонската православна црква, алтруист, луциден раскажувач, скеч гуру-цртач и ревносен патувач. Книгата е насловена како „Патувајќи“ и претставува збир колумни кои нè тераат и нас самите да пропатуваме преку неговите размисли и ненаметливи совети. За добрата музика на оваа промоција која ќе започне во 19:00 часот ќе се погрижи Јован Куциноски.
Strugaonline
Facebook Коментари