Промоцијата на трите нови едукативни прирачници посветени на Споменикот на природа Вевчански Извори на 15 ноември во Струга

- Локални
191
Промоцијата на трите нови едукативни прирачници посветени на Споменикот на природа Вевчански Извори, ќе се одржи на 15-то ноември со почеток во 12:00 часот во Europe House Струга.
„Ве очекуваме на оваа промоција каде ќе имаме можност да слушнеме повеќе за значењето и примената на овие прирачници од страна на стручни лица од областа на образованието и заштитата на природата. Вашето присуство и учество во дискусиите ќе биде од големо значење за поттикнување на образовниот развој и еколошката свест меѓу младите“. – велат организаторите.
Прирачниците се изработени од Еко-свест како дел од проектот Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори, спроведуван од преку локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
StrugaOnline

Facebook Коментари