Промотивен настан за проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ во Струга

- Локални
722

Во четврток (31-ви мај) во хотел Дрим во Струга со почеток во 11:00 часот ќе се одржи  промотивниот настан за проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“.
„На овој настан ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за активностите кои ќе ги реализираат организациите спроведувачи, a ќе бидат за подобрување на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, за вработување и самовработување.„ – велат организаторите

Проектот го спроведуваат GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени, финансирани од Европската Унија, преку ИПА програмата, во текот на целата 2018 и дел од 2019 година.

Сите заинтересирани, своето присуство можат да го потврдат на [email protected].

Strugaonline

Facebook Коментари