Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ го промовираа плакатот и промотивното видео во пресрет на 64. издание на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ што ќе се одржи од 21 до 25 август во Струга.
Автор на постерот за овогодишното издание на „Струшките вечери на поезијата“ е Лазе Трипков.
Ова издание е посветено на глаголицата. Глаголицата не е само писмо (облик), туку душа на зборот. Визуелните рефлексии на овој симбол на духовноста се претставени преку неговата изложба, која ќе биде дел од ова издание на СВП.
StrugaOnline
Facebook Коментари