Промовирана фотомонографијата 53 години струшка фудбалска историја (1970 – 2023)
На 17 август 2024 година во големата сала во хотел „Дрим“ пред голем број љубители на фудбалот – спортот, од страна на рецензентите беше промовирана фотомонографијата 53 години од „Струшката фудбалска историја“ од авторот Љупчо Мојсоски, легендата на ФК „Караорман“, долги години фудбалер, судија, делегат, контролор и спортски работник.

Издавач на фотомонографијата е „Ирис“ од Струга, која опфаќа 300 колор илустрирани страници и преку 1000 фотографии, голем број на новинарски записи за фудбалот за Струга, истакнаа рецензентите спортскиот новионар Стојче Аџиески и Хинор Кица. По поздравните зборови на голем број фудбалери на поранешен Караорман и претседатели на ФК, како и спортскиот новинар Јакуп Ќазимоски од Струга, кои на авторот Љупчо Мојсоски му се заблагодарија и му посакаа да продолжи вака и да издаде уште една манографија за 100 годишнинта од ФК Караорман, а на Караорман му посака успешен пласман во спортските натправери во наредната сезона истакна поранешниот претседател на ФК Караормна Стефан Кукунешоски.
Додека пак возбудениот автор Љупчо Мојсоски, од големиот број присутни, како и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко. Мојсоски се заблагодари за искажаните добри зборови за него, тој пак упати поздравни зборови за единаесетте спонзори, и за Фудбалската Федерација на Македонија, кои допринесе за издавање на оваа монографија.

Издавањето на оваа фотомонографија по повод 53 годишниот јубилеј од формирањето на Општинскиот фудбалски Сојуз – Струга, има за цел да оттргне од заборав повеќе моменти од развојот на фудбалот во Струга и околината со осврт на сите клубови кои во изминатиот период се натпреварувале во различни степени на натпреварување во организација на ОФС и ФФМ, на голем број поважни настани, среби, другарувања и активности поврзани со фудбалот, истакна Мојсоски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

