Прскање против возрасна форма на комарци во понеделник во Вевчани

- Локални
177
Во понеделник во Вевчани ќе се спроведе адултицидна дезинсекција со  цел уништување на возрасните форми на комарците заради спречување на ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочоски, информира дека според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат бараните локации: Околу Вевчански извори – 100 м2, По течението на Вевчанска река – 5 км2,  Таложник (околу пречистителна станица) – 50 м2, Околу вештачко езеро Јанков камен – 900 м2. Локална улица „Стружанка – Здравствен дом – Сред село“ – 8,5 км,  Локална улица „Стружанка – Сред село – Вевчански извори„ – 8 км2, Локална улица „Бералиште – Даскалој – Чочорој“ – 1,65 км2, Локална улица „Пазариште – Варвара – Фарма – 6,25 км2 и
 Локална улица „Трансформатор – Бубаној – Јанков Камен“ – 15 км2
,,Третманот против возрасна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на УЛВ машина прикачено на пик ап возило, за таа цел ќе се користи препаратот Кулфак 50 ЕЦ по упатство за употреба од производителот, во однос 0,5 л/ха.“-инфомира Кочоски
Тој додаде дека третирањето на површините ќе биде изведено после 20:00 часот до раните утрински часови, само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот.
Доколку временските услови не дозволат да се спроведи третманот на дезинсекција, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден или евентуално за некој друг ден со поволни временски услови.
Strugaonline

Facebook Коментари