Шестгодишно дете од село Лабуништа е првиот потврден случај на морбили оваа календарска година.
Oд Институтот за јавно здравје информираат дека е направено серолошко тестирање за мали сипаници со добиен позитивен резултат со IgM, а со PCR е детектирана RNA на мали сипаници.
– Детето е невакцинирано со МРП-вакцина. Живее во шестчлено семејство, а помалата сестра е со присутна температура и исип пред една недела. Родителот дава податок за сомнителен контакт, сосед кој прележал „сипаници“. Не посетува градинка или училиште и не патувале во странство седум до 23 дена пред почетокот на исипот, информираат од ИЈЗ.
Додаваат дека првите симптоми асоцирани со сегашната болест се појавиле на 25.05.2024 година: покачена температура (до 40°С), повраќање и течни столици. Од 30.05.2024 година се појавил еритем, макулопапулозен исип на лицето, кашлица и хиперемични конјуктиви.
На 01.06.2024 година, исипот се проширил по целото тело и се регистрираат афтозни промени во усна шуплина (Копликови дамки). Истиот ден е транспортирано од ОБ Струга на УК Клиника за детски болести во Скопје каде е хоспитализарано.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари