Денеска во Охрид ќе се одржи првата презентација на проектот „Смарт Охрид“.
Настанот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12:00 часот и е отворен за јавноста.
„Инфраструктурата е од особено значење за економски раст и развој на земјата, социјална инклузија на жителите од помалите населени места а со тоа и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Одржливи видови на транспорт за пренос на луѓе, добра и услуги ќе придонесат меѓу другото и за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина.
На настанот ќе можете да се информирате како ќе изгледа транспортното решение „Смарт Охрид“ како начин за зголемување на мобилноста на локалното население, одржливо решение за летната сезона, меѓутоа и проект кој ќе привлече туристи во регионот.“ информираат од „Еко-свест“
Настанот се организира во рамки на проектот „Смарт Охрид“ подржан од Швајцарската амбасада во Скопје.
Strugaonline
Facebook Коментари