На 12.12. 2017 год. (вторник) во 12 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција и презентација на првата образовна on-line платформа Teachhoot.
„Поканети се сите заинтересирани ученици, студенти, професори и родители. Дојдете да дознаете како со on-line образованието може да ги премостите просторните бариери и како да заштедете време во образование на Вас!“ – велат организаторите
За Teachhoot платформата ќе зборуваат нејзините основачи Деан Живковски и Тоше Мицевски, гости се туторите м-р Татјана Гогоска и Игор Богданоски.
Strugaonline
Facebook Коментари